1. Политика, демократија и демократско дизајнирање на училиштето

Living Democracy » Textbooks » 1. Политика, демократија и демократско дизајнирање на училиштето

Образованието за демократско граѓанство и човекови права (ОДГ/ОЧП) треба да ги оспособи и охрабри младите граѓани за учество во општеството и во политичкиот процес на одлучување. Целта на демократското учество се заснива на делувачко-ориентираниот концепт на демократија и политика. Клучна улога кај ОДГ/ОЧП освен тоа игра и демократскиот стил на раководење на училиштата бидејќи таквиот стил им дозволува на учениците активно и преку пример да доживеат како тие би можеле да учествуваат во општеството. Во оваа прва наставна тема оттука треба, најпрво поблиску да се објаснат трите аспекти политика – демократија – демократско обликување на училиштето бидејќи тие се од основно значење за ОДГ/ОЧП.