Лекција 2 и 3: Ние сме цензорите!

Living Democracy » Textbooks » Лекција 2 и 3: Ние сме цензорите!

Ние одлучуваме кој избор на вести ќе им се понуди на читателите

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време.

Стручно оспособување Соработка во тим, одлучување, согласување на цели и распоред.
Тимско раководење и надгледување.
Крајна цел на учењето Уредниците ги конструираат и контролираат вестите кои ја формираат нашата перцепција за реалноста. Како цензори и создавачи на агенда, медиумите практикуваат моќ на суптилен начин.
Задачи на учениците Учениците создаваат нивен ѕиден весник. Ги споредуваат весниците и изборите кои ги направиле.
Материјали и извори Материјали за ученици 9.2 и 9.3, табли, маркери, ножици и лепило.
Печатени медиуми од сите типови и категории.
Метод Работа на проект
Временски буџет 1. Работа на проект: учениците прават ѕиден весник – 60 мин.
2. Учениците ги читаат весниците едни од други – 20 мин.

 

Информационо поле

Втората и третата лекција се посветени на јадрото на оваа тема, проектот во кој учениците се уредници и прават весник. Тие ќе се справуваат со истите прашања – кои теми да се вклучат, кои да се испуштат и дискусија за критериумите според кои ќе се направат изборите. Исто така, задачата на создавање ѕиденвесник за еден час од учениците бара големи вештини на планирање на работата и времето.

Тука е предложен форматот на весникот, бидејќи ова функционира секаде. Техничките акпекти на правењето весник се неважни. Учениците можат рачно да ги пишуваат вестите.

Правењето весник ги враќа учениците на „корените“ и им дозволува да се концентрираат на основите на уредништвото и изборите кои се вклучени.

Во учењето преку задачи, наставникот има улога на „асистент“, кој ги поддржува учениците ако им требаат некои додатни материјали, пристап до компјутер итн. Тој/таа исто така ги набљудува учениците за да го процени нивниот развој на вештини и компетенции. Наставникот ги слуша дискусиите и ги чита ѕидните весници додека се пишуваат. Со ова наставникот се подготвува за краткото но важно предавање во лекцијата 4.

Опис на лекцијата

Фаза 1: Учениците го уредуваат и создаваат нивниот весник

Материјали за ученици 9.1-9.3

Учениците работат во групи. Ги назначуваат трите задачи – главен уредник, раководител на време и презентер на различни членови од тимот.

Тие го следат или адаптираат распоредот предложен во материјалот за ученици 9.3.

Ако има интервал меѓу лекциите 2 и 3, материјалите за проектот треба безбедно да се складираат. Наставникот и учениците се договараат кој е одговорен за оваа задача.

Водени од материјалот за ученици 9.3, репортерите ги подготвуваат нивните презентации за пленарната сесија во лекцијата 4.

Фаза 2: Учениците меѓусебно ги читаат весниците

На половина од третиот час, учениците ги приложуваат весниците во училницата. Учениците треба да ги прочитаат весниците од секоја група пред почетокот на следниот час по ОДГ/ОЧП.