ГЛАВА 2: РАЗНОЛИКОСТ И ПЛУРАЛИЗАМ – Дома во Европа

Living Democracy » Textbooks » ГЛАВА 2: РАЗНОЛИКОСТ И ПЛУРАЛИЗАМ – Дома во Европа

Глава 2: Основен концепт: “Разноликост и плурализам” (за основно ниво)

Основни информации за наставниците: кои карактеристики на Европа се присутни во секојдневниот живот на учениците?

Учениците во основно ниво имаат различна прецепција за време и простор за разлика од возрасните. Поради тоа, кога Европа се задава како тема за разработување на основно училишно ниво, многу е важно да се изнајдат допирни точки кои се адекватни за возраста на учениците, каде може да се развиедидактички концепт за изучување на Европа. Концептите за простор и поврзаност кај учениците од 5-то одделение се различни од оние на учениците од 8-мо одделение. Претходното познавање на учениците на темата, нивните моментални ставови кон Европа и нивните полиња на интерес, како и различните начини до кои доаѓаат до информација треба да се рефлектирани во неопходните информации на наставниците. Како можат учениците на основно ниво да научат за Европа? ОДГ/ОЧП не е национален концепт. Тој е концепт кој се занимава со проучување на тоа како луѓето живеат заедно во различни средини: во однос на семејството, соседство, одделение, училиште, регион, земја, и во однос на Европа.

Кога се разгледуваат секојдневните животни ситуации на учениците, станува очигледно  дека денешните ученици во основните одделенија растат во една интернационална и оттука Европска димензија на нивните секојдневни животи. Учениците тоа го искусуваат во однос на интернационалноста, муликултурализмот и мултилингвализмот во различни контексти:

  • Преку дружење (соживот) – дружење со деца од различни нации и култури (во градинка, во училиште, во местото на живеење);
  • Преку интернационални производи;
  • Преку Европски и интеранционални референци во медиумите кои учениците ги користат (книги, списанија, телевизија, Интернет, ЦД-а, итн.); и
  • Преку патувања.

Многу од овие контексти се земаат и прифаќаат како такви од страна на учениците уште од најрана возраст и се учат несвесно. На пример, учениците не се свесни за потеклото на храната како шпагети, пица и кроасани, бидејќи го немаат искусено постепениот процес на интегрирање на конзументни производи во Европа. Во исто време, во медиумите постојано се појавуваат стереотипите и поедноставените гледишта за различни делови на нашиот континент. За учениците, овие стереотипи може да станат прво “запознавање” со Европа кое на некој начин е предвидено и моделирано. Во реалноста, тоа се повеќе ставови или субјективни верувања, отколку знаења.

Така, учениците во основно училиште не може да се сметаат за tabula rasa кога се зборува за Европа. Она што може да се додаде во учењето за Европа е димензијата на сортирање, систематизација, проширување и објективизирање на какво и да е претходно знаење. Учењето и поучувањето поради тоа, треба да се стреми да укажува на моментални стереотипи, предрасуди и мислења, како и фокусирање на зголемување на свеста за мултикултурното, мултилингвалното и самото по себе различно но еднакво Европско општество.

Во споредба со предметната настава учењето и поучувањето за Европа во одделенската настава треба да се искуси колку што е можно поактивно. Поучувањето треба да се засновува на еден отворен приод, кој води кон две дисциплински димензии-   неутралната цел и  идеалот – и кој користи многу конкретни примери од секојдневието на учениците. За оваа возрасна група, вистинската комуникација и другарството се централни дидактички димензии за учењето и поучувањето. Таму кадешто групата вклучува ученици кои имаат миграциона историја, тоа може да се користи како појдовна точка при учењето и поучувањето за Европа и луѓето кои живеат во неа.

Целта на образованието за демократско општество и човекови права е да го поддржи развојот на компетенциите во следните  три подрачја. Оваа глава го има следниот компетенциски профил:

Компетенции во …
… Политичка анализа и суд … Употреба на методи … Донесување на политички одлуки и дејствување
** ** ***
Активности

Во оваа лекција  можат да се користат различни активности за поддршка на учениците. Наставникот мора да одлучи дали сите или само неколку ученици имаат потребна дополнителна подготовка за да можат да работат со овие Активности.

X Пребарување во библиотека
X Пребарување на Интернет
0 Правење интервјуа и анкети
0 Интерпретирање на слики
0 Мисловни мапи
0 Правење на постери
0 Одржување на изложби
X Планирање и правање презентации
0 Подготвување фолии за графоскоп или Power Point презентации
0 Пишување написи за во весник
X Драматизација
0 Учество во дебати

Глава 2: Разноликост и плурализам

Дома во Европа

Кои карактеристики на Европа се присутни во секојдневниот живот на учениците?

Наслов на лекција Цели на учењето Задачи на ученикот Ресурси Методи

Лекција 1:

Што е Европа?

Учениците го реактивираат своето знаење за Европа и го откриваат нивното мислење за континентот. Учениците работата со мапа од Европа. Покажуваат од каде доаѓаат, запишуваат кои градови ги знаат, кои земји им се познати, и кои знамиња и други важни работи веќе ги знаат, итн. Испечатени копии од мапата на Европа, портрети на земјите, пенкала, лепило, ножици, атлас, книги, Интернет (ако е можно). Индивидална и групна работа, пленарна дискусија.

Лекција 2:

Јас сум дома во Европа (правење физичка мапа I)

Учениците “ја глумат” Европа на игралиштето во нивното училиште. Го развиваат чувството за далечина и блискост. Учениците прават мапа на Европа на игралиштето во нивното училиште. Најпрво почнуваат со тоа што ги одредуваат границите на секоја земја. Покажуваат од каде доаѓаат. Испечатени копии од мапата на Европа како скица, портрети на земјите, хартија во боја, атлас. Работа во парови или групна работа.

Лекција 3:

Јас сум дома во Европа (правење физички мапи II)

Учениците развиваат чувство за сите различни карактеристики на Европа како континент. Започнуваат да го сфаќаат концептот на просторна поврзаност со тоа што гледаат од каде доаѓаат. Откако ќе ги постават границите и земјите, учениците продолжуваат со карактеристиките на релјефните форми. Ги обележуваат реките, планините и другите важни карактеристики на физичката мапа. На крајот, ја обликуваат физичката мапа. Испечатени копии од мапата на Европа како скица, син материјал за обележување на реките (хартија, текстил, итн.), материјал во боја за обележување на планините и релјефните форми (хартија, текстил, итн.), атлас, фотоапарат. Работа во парови или групна работа.

Лекција 4:

Европејците се различни и еднакви

Со пленарна дискусија, учениците разбираат дека Европа има различни карактеристики. Тие размислуваат за фактот дека Европејците имаат многу заеднички карактеристики, но исто така се и многу различни едни од други. Учениците ја гледаат сликата од физичката мапа. Наставникот ги вовлекува во дискусија за сличностите и различностите во а)географски и б) општествен контекст. Учениците дискутираат за општествените различности во Европа и се обидуваат да најдат решение за дијалогот и заедничкото разбирање. Слика од физичката мапа, портрети на земјите, табла или flipchart, хартија. Пленарна дискусија, групна работа.