Вежба 3.5. – Барања и потреби

Living Democracy » Textbooks » Вежба 3.5. – Барања и потреби
Образовни цели Учениците ја разбираат разликата меѓу нештата кои што ги сакаат и тоа што навистина им треба.
Ресурси Хартија, пенкала и ножици.

Процедура

  1. Наставникот им вели на учениците да ги нацртаат нештата што мислат дека им требаат на хартија (наставникот може да ги подготви листовите пред часот или да им даде на учениците сами да ги сечат) Тие можат да направат околу 8-10 цртежи.
  2. Кога ќе заврши цртањето, наставникот ги дели учениците по групи.
  3. Потоа секоја група треба да се согласи да остави само пет од цртежите. Треба да се остават само петте најбитни нешта. Потоа групите објаснуваат што тие одбрале. Дали сите одбрале исто?

Продолжение

Наставникот поставува жица низ училницата и закачува одреден број на цртежи на жицата. Тој/таа дискутира со класот кои цртежи можат да се тргнат, работи кои навистина не им требаат. На крајот треба да има само пет цртежи на жицата. Дали учениците можат да се согласат кои пет?