7.4 Учењето ориентирано кон делување е учење ориентирано на проблемот

Living Democracy » Textbooks » 7.4 Учењето ориентирано кон делување е учење ориентирано на проблемот

Искуството покажува дека учениците многу ја ценат слободата во околината на учење ориентирана на дејство и на проблемот. Во предусловите за тоа се вбројува сигурно, наставникот да им довери ефикасно користење на времето. Учениците само тогаш ќе научат да преземаат одговорност, кога ќе им се даде соодветен слободен простор. Опасноста од неуспех е се разбира секогаш присутна, но оној кој не се осмелува, не може ниту да напредува. Покрај тоа учениците под околности постигнуваат резултати кои навистина не одговараат на очекувањата на наставникот, но тој би можел да даде поучни упатства за нивото на компетенции и за идната потреба за учење. Процесот на учење е исто толку важен, како и резултатот од учењето.

Кај учењето ориентирано кон делување учениците се поставуваат пред проблеми кои не се само од содржински вид, туку се однесуваат и на организацијата на работата. Тие мора да ги препознаат овие проблеми и самите да изнајдат решение. Благодарение на ориентирањето кон проблемот секоја форма на учење ориентирано кон делување има голем потенцијал за практикување на вештини како менаџмент на времето, планирање на работата, соработка во тимови, набавка на материјали и избор на информации, набавување и употреба на алати итн. Учењето ориентирано кон делување е до таа мера особено флексибилно, што учениците можат да ја прилагодат задачата на нивните способности.