Час/Лекција 2: Човекови права: што претпочитаат тие?

Living Democracy » Textbooks » Час/Лекција 2: Човекови права: што претпочитаат тие?

Учениците ги споредуваат нивните потреби со текстови од Универзалната Декларација на Човекови права

Цели на учењето Со поврзување на секоја нивна индивидуална потреба со натпис од Универзалната декларација на човекови права, учениците учат да препознаат дека декларацијата е направена со цел да ги сретне потребите на луѓето.
Задачи на учениците Учениците размислуваат за првиот час со помош на листа или одбра натпис од Универзалната декларација за човекови права.
Ресурси Работен материјал (поедноставена верзија од Универзалната декларација за човекови права), листи со потреби од глава 8, час 1.
Методи Групна работа, истражување.

Опис на часот

На почетокот на часот, наставникот треба да ги сумира резултатите од претходниот час. Наставникот треба да направи поврзаност помеѓу потребите и човековите права и да направи кратка презентација за историјата на човековите права (видете го работниот материјал со наслов “Човекови права: листа за споредување права и потреби”). Излагањето на наставникот не треба да трае повеќе од 10 минути.

Учениците добиваат задача да ги поврзат нивните лични потреби (кои ги имаат дефинирано) со човековите права прикажани на поедноставената листа на човекови права (работен материјал). Треба да работат во истите групи како и претходниот час и треба да ги имаат предвид следните прашања: кои човекови права се важни за нив, па макар и тоа да е несвесно? Дали може да ја разберат врската помеѓу права и потреби? Дали може да се сетат на примери од секојдневниот живот кои можат да го поврзат со одредени права? Работниот материјал може да помогне за ова. Наставникот треба да одлучи дали ќе работи со поедноставената верзија на Универзалната декларација на човекови права или со оригиналниот документ (достапен на www.un.org/en/documents/udhr/). Со користење на поедноставената верзија, ученикот треба веднаш да разбере дека човековите права се развиле врз основа на секојдневните потреби.

Примерок од работниот материјал:

Листа на основни права ПОТРЕБИТЕ кои ги дефиниравме На кој натпис од оригиналната декларација на човековите права ова припаѓа?
Правото на живот
Правото на работа

Правото за сопствеништво

Правото на слободен говор

Учениците треба да се обидат ги ископираат нивните листи на потреби со онаа од претходниот час на работниот материјал. Ова нема да биде лесно, бидејќи зборовите за потребите и правата нема да се исти. Ова може да стимулира дискусија и да поттикне одлуки кои не се секогаш јасни. Ова е намерно.

Како втор чекор, групите кои имаат завршено треба да ги споредуваат своите листи со оригиналната декларација на човекови права.

На крајот на овој час, една листа од целиот класот треба да биде завршена. Ова значи дека листите од групата треба да бидат копирани на една поголема листа, која ќе биде презентирана пред сите. Ако има компјутери, учениците може да направат електронска листа, со користење на работниот материјал како шема. Оваа задача треба да биде дадена на помали групи на ученици кои ова можат да го направат за домашна задача. Ако е потребно, наставникот може да ја направи листата.