Материјал за ученици 2.3: Како би одлучиле вие? Случаи со дилеми

Living Democracy » Textbooks » Материјал за ученици 2.3: Како би одлучиле вие? Случаи со дилеми

1. Тоа не е моето ѓубре

Ѓубрето е голем проблем во вашето училиште. Се направиле дискусии, и некои од класовите напишале правила на голема табела и ставиле потписи – сакаме нашето училиште да биде чисто место и ќе го фрламе нашето ѓубре во многуте корпи во просториите. Вие сте ја сфатиле оваа иницијатива многу сериозно, бидејќи не сакате да го трпите туѓото ѓубре и нечистотија.За време на големиот одмор, среќавате куп ќеси, лушпи од овошје и полуизедени пици во школскиот двор, веднаш до празна корпа за ѓубре. Наоколу има многу ученици, но не знаете дали тие се одговорни за нередот. Што ќе правите? Ќе го соберете ѓубрето – или ќе го оставите?

2. Мојот најдобар другар – дилерот

Има сомнежи дека вашиот најдобар другар продавал дрога во училиштето. Знаете дека сомнежите се оправдани. Класниот наставник е сериозно загрижен за проблемот, бидејќи сака да ги заштити учениците, посебно помладите. Покрај тоа, не сака да излезат извештаи во медиумите. Тој знае дека сте другари, така што ве повикал да дојдете во неговиот кабинет.

Ако го кажете тоа што го знаете, вашиот другар ќе мора да го напушти училиштето, а можеби и ќе заврши на суд. Ако не кажете ништо, го прекршувате законот и можеби ќе настрадате и самите. Во оваа ситуација компромисот не е возможен. Или ќе му кажете на класниот или нема да му кажете.Ситуацијата станува дури и покомплицирана бидејќи не знаете што ќе направи вашиот другар. Дали ќе молчи? Или можеби ќе признае ако му се вети поблага казна?

3. Мојот другар сака да го фати возот

Во едно ладно зимско утро часот е 6 претпладне. Вие сте го положиле тестот за возачка дозвола пред три месеци и сè уште немате многу искуство во возењето. Сега го возите другарот до железничката станица. Пред да тргнете, сте требале да го изгребете мразот од ветробранското стакло, а потоа да застанете на бензинска станица.

Сега доцните. Станицата е на 3 километри, а вашиот другар треба да го фати возот за 10 минути и да купи карта.

Ограничувањето на брзината е 50 км. на час како што е во градовите. Колку што гледате, патот е празен. „Ајде, забрзај малку,“ бара вашиот другар. Што ќе направите?

4. Кои банани да ги купам?

Сакате да купите овошје во супермаркет. На распродажба се два типа на банани: двете се со сличен квалитет – зрели и во совршена состојба. Едното купче банани е поевтино од другите. Поскапите банани имаат „Фер трговија“ налепница и на информационо ливче пишува дека одредена сума од таа што ја плаќате ќе оди директно кај малите земјоделци во странство. Ним им е потребен капитал за да ги развиваат нивните плантажи со банани – многу скромна количина според нашите стандарди. Кои банани ќе ги купите?