| Прекршување или нарушување на човековите права |
Прекршено човеково право |
| а. Г-ѓа Х, која пред неколку години ги изгуби ќерката и сопругот во автомобилска несреќа, не може да се омажи со друг човек, сé додека нејзиниот девер експлицитно не ја даде неговата дозвола. |
|
| б. Затворските чувари ги користат кучињата за да ги плашат и застрашуваат затворениците со закани за напад и во еден случај, тие го тераат кучето да касне еден од затворениците. |
|
| в. Во локалната фабрика, работниците мора да работат најмалку 10 часови дневно без пауза. |
|
| г. Откако беа уапсени тројца мажи, тие имаа проблеми со пристапот до адвокатите. Во многу случаи, адвокатите ќе дојделе, но не им дозволувале да се видат со нив; на луѓето не им било дозволено да имаат заедничка дискусија со нивните адвокати, што во суштина значи дека двајца од нив немале никаков пристап до нивниот адвокат. |
|
| д. Жената, која ја работи истата работа и има иста возраст и искуство, добива помала плата за разлика од нејзиниот машки колега. |
|
| ѓ. Х го киднапира и го чуваше Y три дена и го застрела во главата, што ја предизвика неговата смрт, 3 дена подоцна. |
|
| е. Една фотографија од г-ѓа Х, зависник од дрога, беше направена кога таа заминуваше од состанокот на анонимните зависници. Подоцна, фотографијата беше објавена. |
|
| ж. Една жена, малтретирана од нејзиниот сопруг, можеше единствено да се разведе, само кога му ја даде нејзината куќа, нејзината кола и целиот нејзин имот. Таа остана без ништо. |
|
| з. Х, која е болна од доживотна пневмонија, не доби никаков медицински третман во болница, затоа што таа влезе илегално во земјата. |
|
| ѕ. Седумдесет проценти од населението во областа Х беа принудени да се преселат од нивните домови и подоцна беа спречени да се вратат. Ним не им беше дозволено да ги напуштат нивните кампови и да одат до блиските полиња за да ги одгледуваат нивните култури, а им беше забрането да патуваат по многу патишта. |
|
| и. Црните Африканци беа купувани во Африка за, на пример, едно шише виски, а беа продавани во Северна Америка помеѓу 1200 и 1500 американски долари. |
|
| ј. Во земјата Х, сите средства за преживување на локалното население им беа намерно уништени: посевите, снабдувањето со вода и стоката. |
|
| к. Во земјата Х, граѓаните можат да бидат ставени во затвор без да бидат обвинети. |
|
| л. Еден 26-годишен репортер, за еден дневен весник, беше убиен во еден сомнителен напад за одмазда поради неговата репортажа за неодамна завршените изборни кампањи. |
|
| љ. Г-дин Х беше повикан за да се пријави во војска. Тој напиша писмо до воената канцеларија декларирајќи го неговото свесно одбивање на воената обврска и одбивање да се јави на воена должност. Тој беше обвинет за непослушност и му беше забрането да ја напушти земјата. |
|
| м. Во земјата Х, оние кои сакаат да припаѓаат на Фалун Гонг религијата, забрането им е да се собираат. |
|
| н. Етничкото мнозинство одлучи дека оние кои им припаѓаат на малцинските групи, како што се Евреите или Ромите, се обврзани да живеат во одредени области од градот. |
|
| њ. Децата кои живеат на село не можат да посетуваат основно училиште, бидејќи нема училиште на разумно растојание. |
|
| о. Поради неповолното мислење на религиозните власти во земјата, кандидатот Х не може да се кандидира на парламентарните избори. |
|
| п. Затоа што е црн, Х не може да добие работа како лекар во локалната болница. |
|
| р. Во некои земји, непривилегираните луѓе немаат пристап до храна или програми за домување, ниту пак до здравствени услуги по достапни цени. |
|
| с. Г-дин Х, чија куќа беше изгорена, не може да направи барање за компензација. |
|
| т. Х, 47-годишна жена, која секогаш работела во домот како домаќинка и мајка на пет деца, изгуби секаква социјална, осигурителна помош откако се разведе од нејзиниот сопруг. |
|
| ќ. Г-дин Х, татко на две деца, беше затворен и измачуван во земјата Х поради пишување поеми, критикувајќи го актуелниот режим. Неговото барање за политички азил во земјата А беше одбиено. Тој тврдеше дека ќе се соочи со тортура, ако се врати дома и сега тој е принуден да го трпи тоа. |
|
| у. Поради таканаречените практични причини, на луѓето со физички недостатоци, како што се луѓето во колички, не им е дозволено да посетуваат културни настани во локалниот театар. |
|
| ф. За да аплицираат за државјанство во земјата Х, потребен е престој од 15 години, плус физички и умствен тест и неразумно високи административни трошоци. Како резултат на тоа, илјадници Роми, кои имаат подолг престој во нивната држава, немаат државјанство во нивната сопствена земја. |
|