4. „Ние го создаваме светот во нашите глави“: конструктивистички пристап на учење во ОДГ/ОЧП17

Living Democracy » Textbooks » 4. „Ние го создаваме светот во нашите глави“: конструктивистички пристап на учење во ОДГ/ОЧП17

Кога ние читаме една приказна во книга, си дизајнираме нешто како филм во нашите глави. Си додаваме детали и сцени кои авторот само ги наговестува или сосема ги испуштил и си ги замислуваме лицата на протагонистите. Извесни романи ја поттикнуваат нашата имагинација толку силно, што ние реагираме разочарано кога ќе ја погледнеме филмуваната верзија на истиот текст. Нашата имагинација снимила многу подобар „филм“, таков кој што е толку уникатен, бидејќи секој читател продуцира еден поинаков филм.

Примерот ја докажува нашата способност „да го создадеме светот во нашите глави“. Светот во кој што живееме е светот кој го восприемаме – тој се состои од слики, искуства, концепти и расудувања кои ги имаме за светот. Учениците сакаат она што го слушаат или читаат да има смисла, тие сакаат тоа да го разбираат. Еден истражувач на мозокот, го опиша мозокот како „машина која ја бара смислата“. Работите кои не покажуваат смисла се сортираат. Информациите кои недостигаат мора или некако да се изнајдат или информациската празнина мора да биде заклучена преку одгатнување.18

Со малку искуство, наставниците забележуваат дека при предавањето секој ученик и секоја ученичка добива и запамтува поинаква порака. Некои од учениците и како возрасни ќе се сеќаваат на суштината или на одредени детали, бидејќи од нив се чувствувале толку погодени. Останатите уште следното утро сѐ заборавиле, бидејќи содржините не се надоврзале на нивните интереси, нивното предзнаење или нивната структура на вредности.

Конструктивистичката дидактика го разбира учењето во оваа смисла како високо индивидуализиран процес со следните карактеристики:

  • Учениците конструираат или создаваат структури на значење и ги преобликуваат. Новите информации се поврзуваат со знаењето со кое ученикот располага.
  • Учениците ги носат со себе нивните лични биографии и искуства во наставата (и во ОДГ/ОЧП).
  • Полот, социјалниот статус, возраста, етничкото потекло или верувањето и другите идентитетски карактеристики можат да влијаат на гледиштето на учениците.
  • Учениците поседуваат различни форми на интелегенција кои ги преминуваат традиционалните замисли за добар успех по математика или јазици.19
  • Нема апсолутен стандард за тоа што е лично или политички релевантно.

Конструктивистичката теорија на учење се дели на три подкатегории (види долу наставна тема 4.1 продолжение) при чија поддршка наставникот игра важна улога.

17. За детално третирање на темата види книга VI од оваа серија
18. Види Голоб, Р. и Крапф П. (изд.) (2008): ОДГ/ОЧП книга , наставна тема 1, стереотипи и предрасуди. Што е идентитет? Како јас ги гледам другите, а како тие ме гледаат мене?; Стразбур, стр. 19-38.
19. Види Хауард Гарднерс од 1983 развиените теории на многукратна интелегенција во различни публикации.