8. Концептот на човековите права во училишното образование24

Living Democracy » Textbooks » 8. Концептот на човековите права во училишното образование24

Образованието за човекови права кое досега во прва линија често се разбираше како тематски специфичен трансфер на материјалот, може и смее во актуелна смисла да се опфати исто и како дел од интердисциплинарниот концепт на човековите права, кој продира низ целото училиште.

Еден така разбран концепт на човековите права ни дозволува да ја набљудуваме културата, политиката и праксата во училиштата, сосема општо низ призмата на човековите права.

Конвенцијата за детските права (КДП) содржи два члена кои директно ја спомнуваат темата образование. Членот 28 го дефинира образованието како право, а членот 29 вели дека образованието на детето мора да биде насочено кон тоа „да ги развие потполно личноста, надареноста и менталните и физичките способности на детето“. Една натамошна цел на училиштата согласно КДП се состои во тоа да се унапреди почитувањето на човековите права и основните слободи. Притоа едно е јасно: Ако човековите права се сака навистина да се разберат и да се почитуваат, тогаш тие мора да се живеат во меѓучовечките односи.

Основните вредности „достоинство, почитување и одговорност“ треба да ја сочинуваат движечката сила во училиштата. Со тоа не се мисли на учениците да им се посочат вредностите и содржините на човековите права во наставата. Рамката на човековите права е поставена на тоа да се создаде училиште ориентирано кон учениците, во кое овие вредности се втиснати во видот и начинот на кој учат учениците, во приодот на наставниците со нив, во приодот на децата и младите меѓусебе и за нивната легитимна позиција во училиштето и во светот. Кон тоа наполно припаѓа исто така и вистинската смисла за мисија која ја поттикнува социјалната рамноправност. Тоа без сомнение е опширен каталог на барања – но таков кој во центарот на училиштето ги става човековите права.

Наставниците можат преку примерите кои ги користат, преку прашањата кои ги поставуваат, како и при активни дискусии, критичко мислење и рефлексија, преку проектна работа и збогатувачки концепции (екскурзии, филмови итн.) живо и реалистично да ја дизајнираат наставата за човековите права. Предизвикот на наставникот не се состои само во тоа тие да се стекнат со потребното знаење, туку исто така и во тоа тие да ги посредуваат човековите права на тој начин што тие на учениците нешто ќе им значат и ќе ги мотивираат и квалификуваат за дејствување. Еден од најголемите предизвици сепак е тоа што наставникот не само што мора  човековите права да ги поедностави на едно ниво соодветно на возраста, туку исто така и да постигне да ја „пренесе идејата“.

Адекватен пристап на човековите права во институционалното образование и воспитание би требало да опфаќа серијал од обележја, кои се сосема општо меродавни единствено за училиштен пристап до човековите права. Долунаведените карактеристики потекнуваат од една референтна рамка развиена од УНИЦЕФ25. Оваа референтна рамка

  • ги признава правата на секое дете;
  • го гледа целото дете во поголем контекст. Училишното раководство се занимава со тоа   што се случува со детето пред влегувањето во училиштето (на пример од здравствен аспект) и што се случува со него кога тоа е повторно дома;
  • е ориентирано кон децата, тоа значи дека тежиштето се става на психосоцијалната благосостојба на детето;
  • е сензибилно на полот и пријателско за девојчињата. Училишното раководство се стреми да ги надмине пречките за еманципација при што ги елиминира половите стереотипи и ги потпомага девојчињата во иста мера со момчињата;
  • поттикнува траен успех на учење. Учениците се поттикнуваат на критичко мислење и се охрабруваат да поставуваат прашања, да го изразуваат нивното мислење и да ги научат основните вештини;
  • поттикнува училишно образование кое се заснива на реалноста на децата. Секое училишно дете поседува единствен идентитет и носи со себе поранешни искуства со училишниот систем и неговата заедница и семејство, кои наставникот треба да ги земе во предвид, за да го поттикнува детето во учењето и во неговиот развој;
  • бара мерки за да ги загарантира вклучувањето, почитувањето и рамноправноста на шанси на сите деца. Стереотипизацијата, раздвојувањето и дискиминирањето не се толерираат;
  • ги поттикнува правата и должностите на учениците внатре во училишното опкружување, како и нивното учество во активности во заедницата;
  • ја подобрува професионалната компетенција, работниот морал, ангажманот и статусот на сите наставници преку гарантирање на соодветно образование, признавање и паричен надоместок;
  • е ориентирано кон семејството. Раководството на училиштето се обидува да работи заедно со семејствата и истите да ги зајакне со тоа што ќе ги поддржува учениците, родителите и наставниците во градењето на кооперативни партнерства.

Овде се работи за апстракции, сепак изнесената референтна рамка одговара добро како организациски модел кој обучувачот може да го употреби како ориентациска помош во сопственото училиште. Изложените начела можат во оваа смисла да бидат разбрани и како поставување на прашања со кои можеме да евалуираме одредена пракса во училиштето. Дали нашата училишна политика и култура е ориентирана кон децата? Дали таа ги зајакнува правата и должностите на учениците? Дали има доволно можности за учество на учениците во нашето училиште? Дали ова учество е разумно и произлегува од учениците? Ориентирањето кон овие принципи може исто така и да издејствува едно цело училиште да се заложи за тоа вредностите на човековите права да продрат  во различни димензии на училишниот живот: учењето, развојот на училиштето и управата на училиштето, како и училишната политика и политиката на заедницата.

Можеби можеме да се договориме за тоа дека човековите права во училиштето се или би требало да бидат многу повеќе од наставен материјал – тие се практикуван начин на живот во училиштето или културата. Овој начин на живот не е нешто што зависи од волјата на неколку наставници. Тој бара ангажман од училишното раководство и мнозинството на наставници и затоа е сѐ уште  редок. Сепак се набљудуваат ветувачки резултати.

Иницијативата “Rights, Respect, Responsibillity” (Права, почитување, одговорност) (РРР) на Окружниот совет на јужноанглиската грофовија Хемпшир е таков целокупен училиштен концепт кој се заснива на КДП26. Неговите универзални принципи ја нагласуваат неопходноста да се заштитат правата на сите деца и да им се помогне на децата да ги разберат нивните должности и да им понудат рамковна рамка за нивниот живот и учењето. Овие принципи служат за потпомагање на демократското разбирање на граѓанството и почитување на човековите права од страна на сите членови во училишната заедница. Стотина основни училишта како и 50 натамошни училишта и специјални училишта активно се занимаваат со РРР-програмата. Нејзините битни обележја се:

  • КДП се предава како научен материјал и служи како рамковна рамка за почесниот кодекс на училиштето и тамошното поучување и учење.
  • Децата и младите се третираат како граѓани и граѓанки.
  • Идентитетот и чувството за сопствена вредност на децата и младите се потпомагаат така што, тие самите се набљудуваат како сопственици на правата, го прават истото тоа што го прават и возрасните.
  • Една цела низа од предмети се проширува за една перспектива на човековите права, како читање, пишување, природни науки и историја, а наставниците се грижат за јазична употреба во сите предмети, базирана на човековите права.
  • Се создаваат останати наставни методи и пристапи во учењето (со тежиште на учеството и правата).
  • Учениците и наставниците потпишуваат „одделенска повелба“ на права и должности.

Училиштата известуваат дека ја користат РРР-програмата како рамковна рамка за голем дел од нивната јавна работа (на пр. од аспект на здрави училишта, односот на образованието, разјаснување за дрогите, емоционална интелигенција итн.). Членови на училишната заедница сметаат дека тие во врска со нивните училишни вредности и правила на однесување можат да упатат на повисока инстанца (имено на КДП и меѓународните норми на човековите права).

Една екстерна евалвација која траеше три години, беше завршена во 2008 година и покажа значителни ефекти во опкружувањето на училиштата кои во целост ја имаа реализирано РРР-програмата (спореди http://www.hrea.org/Hampshire-RRR-Report-2008.pdf). Тука се вбројуваат позитивните влијанија на свесноста на учениците во однос на нивните сопствени права, на почитувањето на правата на другите и на учеството и ангажманот во училиштето. Наставниците кажуваа дека се чувствуваа помалку стресно и беа посреќни во наставата.

Со тоа пристапот ориентиран кон човековите права ги подобри, како човечкото достоинство и квалитетот на работата на членовите на училишната заедница, така и способноста на училиштата да ја забележат нивната образовна задача и успешно да добијат ученици за училишно образование.

24. Од:Tibbitts, F. (2005): What it means to have a `school-based approach to human rights education` and a `human rights-based approach to schooling`. Во:Amnesty International USA, Article 26 Newsletter, Август.
25. Child Friendly Schools Manual, Programme Division/Education, UNICEF, www.uniceforg/publications/files/Child_Friendly_Schools_Manual_EN_040809.pdf.
26. Hampshire County Council (2009): Rights, Respect, Responsibillity: A Whole School Approach. Во : Human Rights Education in the School Systems of Europe, Central Asia and North Amerika: A Compendium of Good Practise, Organization for Security and Co-operation in Europe; Warsaw, стр. 72-74