Вежба 6.2. – Ставови за моќта6

Living Democracy » Textbooks » Вежба 6.2. – Ставови за моќта6
Образовни цели Учениците можат да разграничат меѓу концептите на моќ и нивните последици врз демократијата и човековите права.
Учениците го усовршуваат активното слушање (учење преку човекови права).
Ресурси Материјали за ученици: „Искази за моќта и владеењето“

Процедура

  1. Учениците прават парови. Тие ги разгледуваат исказите и одлучуваат со кои искази се согласуваат.
  2. Тие прават забелешки за причините зошто поддржуваат одреден исказ.
  3. Паровите ги претставуваат резултатите на часот.
  4. Учениците ги идентификуваат индиректните школи на политичка мисла (вежба на трансфер); наставникот ги користи откритијата и дискусијата на часот за да им ги претстави (избраните) пристапи на политичка мисла (индуктивен пристап, кој дава да се користат различни методи – предавање од наставникот и можеби учениците, проучување на извадоци).

Продолжение

Учениците размислуваат за нивните индивидуални вредносни системи.

Учениците ги поврзуваат политичките идеи и политиките на партиите и лидерите во нивната земја.

Материјали

Материјал за ученици

Искази за моќта и владеењето

  1. Во една власт, улогата на лидерот е најважна и незаменлива.
  2. Моќта отуѓува и мора да се елиминира за секоја личност да го реализира својот целосен потенцијал.
  3. Нацијата има само еден опасен непријател: нејзината влада.
  4. Политичката моќ треба да се практикува од луѓето избрани од граѓаните.
  5. Политичките партии се штетни за моќта на државата бидејќи ги делат луѓето и создаваат залудна конфронтација.
  6. Државата не е едноставна колекција на индивидуи; таа е реалност која е повисока и побитна од збирот на индивидуи.
  7. Сите форми на моќ имаат тенденција да станат тоталитарни.
  8. Државата не постои сама за себе туку е средство кое е потребно за реализацијата на индивидуалните аспирации.
  9. Државата е една огромна гробница во која сите изразувања на индивидуален живот завршуваат.
  10. Штрајковите се предизвик за власта, па затоа тие треба да се забранат.
  11. Индивидуите постојат само за државата и се ништо надвор од неа.
  12. Младите луѓе треба да учествуваат во одлуките кои ги засегаат нив.
  13. Единствено кога државата нема да постои ќе можеме да зборуваме за слобода.
  14. Наставникот треба да ги земе предвид легитимните тврдења на неговите ученици.
  15. Човечките суштества имаат природна тенденција да прават добро; секогаш треба да имаме доверба во нив.
  16. Учеството на сите индивидуи во владеењето треба да биде основен принцип во организацијата на сите човечки заедници.
  17. Политичките партии овозможуваат желбите на граѓаните да влијаат на одлуките на владата.
  18. Ако се остават без никаква контрола, човечките суштества ќе се убијат едни со други.
  19. Политичката моќ не треба да е на милоста на јавното мислење.
  20. Човечките суштества имаат права кои моќта треба да ги почитува и промовира.

 

6. Адаптирано од Клод Парис, Ethique et Politique, изданија C.G., Квебек, 1985