2 – Работно досие 16: Дизајнирање на училиштето и училиштен менаџмент46

Living Democracy » Textbooks » 2 – Работно досие 16: Дизајнирање на училиштето и училиштен менаџмент46

Едно училиште може исто така да се измери и во тоа, како и во колкава мера ги имплементира процесите на ОДГ/ОЧП во неговите раководствени задачи. Ова се опишува како „демократско дизајнирање на училиштето“. Во овој контекст се разликуваат два различни по значење видови на процеси:

Дизајнирање т.е. развивање на училиштето Училиштен менаџмент
Отвореност на училиштето и образовниот систем
arrow-down„Ние обликуваме и водиме предмети или суштества чие однесување не можеме потполно да го предвидиме.“
Техничка и инструментална димензија на раководењето
arrow-down“Ние управуваме и менаџираме предмети или суштества чие однесување едноставно може да се предвиди.“
Ние (преговараме) дејствуваме, исполнуваме убедување, практикуваме притисок, бидејќи она што го регулираме го немаме потполно под контрола. Ние даваме упатства и наредби, бидејќи сметаме дека имаме легитимно овластување за тоа.

Училишниот менаџмент ги опишува организаторските аспекти, како и техничката и логистичката димензија на раководење на едно училиште или еден образовен систем. Бидејќи училиштата сепак стануваат сѐ поотворени установи и мора да се фер кон многу различни потреби и интереси, нивото на дизајнирање т.е. на развивање на училиштето добива сѐ поголемо значење (Совет на Европа: Демократско дизајнирање на училиштата во теорија и пракса, 2008, стр.9).

Предностите на демократското дизајнирање на училиштето се надоврзуваат на следните точки: (ibid., стр.11):

  • ја подобрува дисциплината;
  • ги намалува конфликтите;
  • го прави училиштето поконкуретно;
  • придонесува за опстојување на одржливата демократија.

46. Индикаторите за евалвација на едно училиште во однос на ОДГ/ОЧП се наведени во работно досие 11.